Романскиот претседател Клаус Јоханис изјави дека НАТО треба да ја продолжи политиката на „отворени врати“ и додаде дека Романија ја поддржува одлуката Република Македонија да биде поканета да ги почне пристапните преговори со НАТО.
- Треба да ја продолжиме политиката на отворени врати. Романија целосно ја поддржува одлуката да и се врачи покана за членство на Северна Македонија, истакна Јоханес.
Тој додаде дека неопходен е „унифициран пристап и планирање на одбрана на целото источно крило“.