Претседателот на САД, Доналд Трамп го увери францускиот колега Емануел Макрон, дека „нема јаз“ во односите помеѓу Европа и САД и покрај тензиите на Самитот на НАТО во Брисел, се наведува во соопштението од Елисејската палата.

Средбата помеѓу Трамп и Макрон траела околу 40 минути, при што американскиот претседател ја истакнал личната приврзаност кон Европа и испратил „позитивни и конструктивни пораки“.

- Средбата Макрон - Трамп помина во мирна и пријателска атмофера, а заврши со ракување. Двајцата лидери разговарале и за актуелни теми за НАТО и меѓународните односи, посебно ситуацијата во Иран и во Сирија. Покрај тоа имаа отворен разговор за трговските прашања, се посочува во соопштението.

Претходно, Трамп ги критикуваше земјите членки на Северноатлантската алијанса дека „не трошат, колку би требало. Тој побара од членките на НАТО да го зголемат трошењето за одбрана од два проценти од бруто домашниот производ на четири, колку што сега трошат САД.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2018 02:01