Со 196 гласа „за“ и 92 „против“, Долниот дом на чешкиот Парламент по 16 часа седница и изгласа доверба на новата левоцентристичка малцинска Влада на Андреј Бабиш.

Владата, во која учествуваат политичкото движење „Акција на незадоволните граѓани" и Чешката социјалдемократска партија, беше одобрена со помош на гласовите на Комунистичката партија на Чешка и Моравија.

За првпат од падот на Железната завеса во 1989 година во Чешка на власт доаѓа Влада со поддршка на комунистите.

Центристичкото популистичко движење на Бабиш, кој е вториот по богатство човек во земјата, основач на компанијата за земјоделство и прехранбена индустрија „Агроферт“, која ги контролира двата најголеми весници во Чешка, победи на парламентарните избори што се одржаа во октомври 2017 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2018 09:49