Порно глумицата Сторми Даниелс, која пред неколку месеци беше актуелна поради својата наводна афера со американскиот претседател Доналд Трамп, е уапсена вчера за време на настап во стриптиз клуб во Колумбус, Охајо.
Причина за апсењето, официјално, е тоа што „му дозволила на гостин од публиката наводно да ја допре на несексуален начин“, истакна нејзиниот адвокат Мајкл Авенати.
- Ова е местенка и е политички мотивирано. Знак на очај. Ние ќе се бориме со сите сили против овие неосновани обвиненија, изјави Авенати.
Трамп ги негираше тврдењата на порно глумицата дека имала афера со него, иако извори блиски до опкружувањето на претседателот признаа дека девојката добила 130.000 долари како дел од спогодбата, јавуваат западните медиуми.