Државниот секретар на САД, Мајк Помпео денеска ги повика американските сојузници да помогнат Иран да биде ставен под економски притисок и го обвини Техеран дека продолжува да продава оружје на Блискиот Исток и покрај резолуциите на Обединети нации.

- Треба да го прекинеме целото финансирање, што режимот го користи, за да финансира тероризам и посредува војни, напиша Помпео на Твитер пред средбата во Брисел со Високата претставничка на Европска унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2018 15:20