Претседателот на Полска, Анджеј Дуда по повод претстојната средба на претседателите на САД и на Русија во Хелсинки на 16 јули, изјави дека би било шокантно доколку Доналд Трамп направи какви било отстапки на Владимир Путин.
Дуде запрашан дали е загрижен оти средбата Путин - Трамп би можела да има негативни последици по Полска, истакна дека очекува Трамп да продолжи со американската политика на поддршка за Варшава.
- Навистина би било шокантно доколку се воспостави дека тој (Трамп) би се повлекол од стратегијата за обезебдување на овој дел од светот. И би било шокантно доколку (Трамп) направи какви било отстапки на Владимир Путин, посебно имајќи предвид што Русија и прави на Украина. Тој (Путин) е окупатор, агресор, наведе Дуда.