[photo] По бурниот самит на НАТО, генералниот секретар Јенс Столтенберг изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп успеал да ја направи Алијансата посилна, со неговиот повик до сите земји-членки значително да ги зголемат своите воени расходи.

- Имавме многу искрена и отворена дискусија. Таа дискусија го направи НАТО да биде посилно и наметна чувство на итност. Дискусијата јасно ни стави до знаење дека ќе треба да ги удвоиме нашите напори, и јасната оттаму порака на претседателот Трамп беше ефикасна, изјави Столтенберг.


Столтенберг: Критиките на Трамп создадоа чувство на итност во НАТО

Трамп што средбата со Столтенберг јавно, пред камерите, ја критикуваше пред се Германија за кратењето во одбранбениот буџет, како и за руските врски на германски политичари и изградбата на гасоводот Северен Поток. За време на средбите, според Агенцијата Блумберг, Трамп дури се заканил и дека ќе ги повлече САД од НАТО доколку другите земји итно не го исполнат условот да трошат барем два проценти од својот бруто домашен производ на одбраната. Само четири членки го исполнуваат овој услов, при што голем дел од нив трошат под еден процент. Трамп побара во иднина овој процент да се зголеми на четири, приближно колку што САД трошат за одбрана секоја година.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2018 16:51