Претседателот на Европската комисија се клатеше нестабилно за време на фотографирањето, пред гала вечерата на самитот на НАТО, поради што македонскиот премиер Зоран Заев му помогна да се симне од сцената.
Јункер изјавил дека боледува од ишијас кој понекогаш влијае на неговото движење.
Португалскиот премиер Антонио Коста изјавил дека Јункер се жалел на болка во грбот.
Од кабинетот на Јункер не сакале да ги прокоментираат овие наводи, повикувајќи се на приватност, а пред месец дена во една слична ситуација Јункер изјави: Не сум пијан, боледувам од ишијас. Искрено, би сакал да сум пијан.