Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис изјави дека Вашингтон целосно го поддржува НАТО, додавајќи дека Алијансата станала посилна по дводнениот Самит, благодарение на реформите и преземените обврски од сојузниците.
Тој на прашањето за ангажманот на САД во НАТО истакна дека тоа е „точно како што опиша претседателот (Трамп): Сто проценти ангажираност во НАТО“.
- НАТО е посилен денеска отколку вчера, посилен отколку пред една недела, посилен отколку пред еден месец, посочи Матис.