Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска ќе одржи подготвителна седница на која ќе одлучува за доделување лиценца за енергетска дејност трговија со гас.
На седницата ќе се разгледува Предлог - одлуката за издавања лиценца за вршење на енергетска дејност трговија со природен гас на Акционерското друштво за производство и трговија со производи на црна металургија „МАКСТИЛ“-Скопје.