Бројот на жртвите што настрадаа во поплавите и свлечиштата во западните и централните делови на Јапонија се искачи на 204 лица, соопшти полицијата.

Како исчезнати се водат повеќе од 60 луѓе.

Тоа е најголем број на загинати во поплави во Јапонија од 1953 година. Тогаш на островот Кјушу загинаа 759 луѓе, а над 450.000 лица останаа без покрив на глава.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2018 10:41