Белата куќа денеска соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп „многу ја сака и почитува“ британската премиерка Тереза Меј.

Ова е соопштено откако Трамп даде интервју за британскиот весник „Сан“ во кое рече дека Меј го уништила она што нејзината земја треба да го доби од Брегзит. Тој исто така рече дека Меј, определувајќи се за „мека“ стратегија за Брегзит во идните односи на Британија со ЕУ, веројатно го „убила“ секој иден трговски договор со САД.

Прес секретарот на Белата куќа Сара Хакеби Сандерс истакна дека је Трамп за „Сан“ рекол дека Меј е „многу добра личност“ и оти „тој никогаш не рекол ништо лошо за неа“.

Американскиот претседател го даде интервјуто пред состанокот со премиерката Меј на работен ручек, после кој би требало со хеликоптер да замине во дворецот Виндзор каде ќе се сретне со кралицата Елизабета Втора.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2018 10:55