Кајли Џенер, со својот бренд „Кајли козметика“, чија вредност изнесува 800 милиони долари, е на пат да стане најмладата милионерка која сама заработила, наведува Форбс.
Џенер е на насловната страница на најновиот број на американското бизнис списание, кое посочува дека заработила 630 милиони долари од својот бренд во текот на последните три години, додека 330 од нив заработила во 2017 година.
- Кога ќе се вклучат и партнерствата со Пума и ПакСан, компанијата на Џенер е вредна 900 милиони долари, пишува Форбс.
Прогласувањето на Џенер за најмлада милионерка од страна на Форбс наиде на реакции во јавноста поради фактот што таа потекнува од богато семејство, што технички не може да ја оквалификува како личност која почнала од нула.