Демонстрантите во Лондон денеска го исмеаја американскиот претседател Доналд Трамп, прикажувајќи го како огромен балон во облик на портокалово бебе кое плачи.
Бебето во пелени со препознатливиот прамен коса и мобилен телефон се издигна над зградата на британскиот Парламент, како централно место за демонстрации против Трамп поради неговата политика против имиграцијата, расната дискриминација, односот кон жените и климатските промени.
Според организаторот на протестот, демонстрации ќе има во околу 50 градови ширум Велика Британија.
Трамп кој вчера допатува во Лондон изјави дека поради планираните протести чувствува дека не е добредојден.
- Го сакав Лондон. Не сум бил (во Лондон) подолго време. Но, ако се почувствувам недобродојден, зошто би останал таму, истакна Трамп.