Најмалку 54 лица, меѓу кои 28 цивили, денеска загинаа во воздушен напад во област под контрола на Исламска држава во источниот дел на Сирија, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права.

Меѓу загинатите има и борци на Исламска држава.

Погодената област е на неколку километри од границата со Ирак.

Директорот на Опсерваторијата Рами Абдулрахман изјави дека меѓу загинатите цивили повеќето се Ирачани.

Опсерваторија информира дека во воздушните напади е погодена фабрика за мраз, која десетина семејства ја користеле како засолниште во близина на селото Багуз, на неколку километри од границата со Ирак.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2018 13:27