Цената на барел нафта од 2011 година до сега бележи опаѓање, но цената на литар дизел во Македонија во последните седум години не е значително намалена, покажува најновата анализа и визуелизација на „Дата“.
Во 2011 година барел нафта чинел 117,74 долари, а литар дизел 66,5 денари. Во 2018 година, цената на барел нафта се намалила на 74,95 долари за барел, но дизелот не претрпел некоја голема промена и за литар сега се плаќа 63,5 денари, пренесе Мета.мк
Регулаторна комисија за енергетика денеска ги намали цените на горивата за 1,5 денари по литар, но сепак граѓаните плаќаат дури 15,5 денари повеќе во споредба со истиот период минатата година.
Според податоците, од секој литар дизел најмногу плаќаме за рафинериската цена која е речиси половина од вкупната цена, а најмалку се издвојува за животна средина – од сто литри продаден дизел само 3 денари се одвојуваат за животната околина.
Малопродажната цена за литар дизел е 63,5 денари.
Од нив 34,66 денари одат за рафинериската цена, 15,12 денари за акцизата, 9,69 денари за ДДВ, 3,2 денари за трговска маржа, 0,5 денари за транспорт, 0,3 за нафтени резерви и 0,03 за животната средина.