Албанија не се наоѓа високо на листата најпосетени земји во Европа. Годишно, за споредба, кај нашите западни соседи одат 80.000 британски туристи, а во Грција, на пример - три милиони, и во Хрватска - 765.000 гости од „островот“.
Албанското крајбрежје важи за ново, освежувачко и евтино искуство. Од друга страна, пак, „Лоунли Планет“ го смести главниот град на Албанија, Тирана меѓу најдобрите европски места кои треба да се посетат годинава.
Освен новoоснованиот летен фестивал во Дерми, албанските власти работат и на тоа да ги поттикнат туристите да ја истражуваат албанската ривиера.