Припадници на турската Крајбрежна стража спасија 34 мигранти, кои биле блокирани на островот Богаз во Егејското Море, во близина на популарното туристичко одморалиште Чешме.
Како што соопштија турските власти, во спасувачката операција покрај припадници на Крајбрежната стража, биле вклучени и два хеликоптери.
Во соопштението не се посочува националноста на спасените мигранти, а нема ни информации за тоа како тие се нашле на островот.