Иран нема намера да си замине од Сирија и покрај притисоците од страна на САД и Израел, изјави денеска во Москва советниот на иранскиот врховен верски лидер ајатолоахот Али Хамнеи, Али Акбар Велајати.

Тој нагласи дека Техеран своето воено присуство во Сирија го координира со властите во Москва и Дамаск.

Велајати, кој е поранешен ирански министер за надворешни работи, престојува во Москва на неколку дена пред средбата на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп во Хелсинки, на која се очекува состојбата во Сирија да биде една од централните теми.

САД и Израел инсистираат на иранско повлекување од Сирија, додека Русија оценува дека не е реално да се очекува Иран целосно да се повлече од земјата, имајќи пред вид дека Техеран е главен регионален сојузник на властите во Дамаск.

Велајати се осврна и на обновата на американските санкции кон Иран, по одлуката на Трамп за повлекување на САД од договорот за иранската нуклеарна програма, оценувајќи дека тоа би можело да доведе до пораст на цените на нафтата на светските берзи.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2018 15:09