Суд во Анкара денеска му изрече казна од 95.000 лири (19.500 долари) на лидерот на најголемата турска опозициска партија, Републиканската народна партија (ЦХП), Кемал Киличдароглу, поради навред на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

Киличдароглу беше обвинет за три одделни изјави насочени против Ердоган, при што го обвинил претседателот дека има милионски суми во сметки во странство, како и дека е диктатор. Киличдароглу беше казнет со 339.000 лири во јуни, повторно поради клевети и навреди насочени кон Ердоган.

Порано неделава, четворица студенти од Анкара беа уапсени поради истакнување на карикатура во која Ердоган е претставен како животно.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2018 16:01