Kомпанијата Мастеркард упати извинување до корисниците и порача дека проблемот е решен. Овој проблем доаѓа само неколку недели откако ривалот на Мастеркард, компанијат Виза, имаше слични технички проблеми.
Од Виза набрзо соопштија дека тешкотиите за плаќање со картички во Европа биле предизвикани поради хардверски проблеми, а не поради сајбер напад.
Од друга страна, се уште не е утврдено што го предизвикало прекинот на плаќање кај Мастеркард. Како што пренесува ФТ, Мастеркард е претрупан со тужби од фрустрирани корисници кои не можеле да извршат плаќање во целиот свет.
-Ситуацијата е решена и сите транакции сега работат нормално. Жалиме за непријатноста, соопштуваат од компанијата.
Регулаторни тела интензивно работат на утврдување на очигледно кревкиот систем, односно поради страв од хакерски напади.