Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис изјави дека активностите на Русија во Југоисточна Европа имаат дестабилизирачки карактер.

- Активностите на Русија во Југоисточна Европа се дестабилизирачки фактор. Тие (Русите) ја поткопуваат демократската структура на земјите (од тој регион) преку ширење лажни информации, економски мерки и мешање, рекол Матис во разговор со новинарите на пат од Хрватска за Норвешка , објави прес-службата на Пентагон.

Во Загреб Матисе се сретна со министрите за одбрана на земјите од Јадранската повелба. Иницијативата беше формирана во 2003 година од страна на Албанија, Македонија и Хрватска за да се олесни влезот на овие земји во НАТО. Во 2008 година им се приклучија и Црна Гора и Босна и Херцеговина.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2018 20:17