Израелски воени авиони и беспилотни летала денеска извршија воздушни напади против воени објекти на Хамас во Појасот Газа, соопшти командата на израелската армија.
Цел на нападите, во кои биле повредени две лица, бил „напаѓачки терористички тунел во јужниот дел на Газа и уште неколку терористички цели во воени објекти низ целиот појас“, стои во соопштението.
Според армијата, припадниците на Хамас во тие објакти подготвувале терористички напади, а биле обучувани и борци на движењето. За време на израелскиот напад врз Газа, кон израелска територија биле истрелани 17 ракети, од кои пет биле пресретнати од страна на израелскиот систем за противвоздушна одбрана.