Сириските бунтовници денеска почнаа на властите да им го предаваат своето тешко оружје во јужниот град Дара, според договорот од 6 јули за разоружување на демонстрантите, објави официјалната агенција САНА.

Силите на Дамаск денеска од бунтовниците добија тешка муниција и други материјали, а операцијата ќе продолжи се додека не се предаде целото оружје.

Владата на Башар Асад и неговите руски сојузници успеаја со брза офанзива, која почна на 19 јуни, да ги поразат бунтовниците во регионот. Бунтовниците се согласија на властите да да им го предадат градот Дара и потпишаа договор за „помирување“.

Документот предвидува прекин на огнот, враќање на државните институции во регионите кои беа под контрола на бунтовниците и предавање на големото и средно оружје од страна на бунтовниците.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2018 20:31