Да не е конструктивната политика на Србија, предводена од претседателот Александар Вучиќ, кој знае што се би можело да се случи на Балканот, изјави за телевизија „Пинк“ Горан Весиќ, висок функционер на владејачката СНС и заменик на градоначалникот на Белград.

-Србија има се посилна меѓународна позиција и тоа им пречи на останатите народи и на оние кои се против нас на Балканот, што ги фрустрира нашите противници, бидејќи силна Србија може да се штити себеси и сонародниците на Балканот, изјави Весиќ.

Коментирајќи ја изјавата на Насер Ориќ, кој рече дека до војна може да дојде побргу отколку што се очекува, Васиќ вели дека силната позиција на Србија ги фрустрира нејзините противници.

- Затоа и имате вакви изјави, ги имате од Бакир Изетбеговиќ, ги имате и од Македонија, ги имате постојано, од Косово и да не говорам. Значи, нив постојано ги фрустрира позицијата на Србија и силината која ја има претседателот Вучиќ во меѓународната заедница и тоа не е ништо ново, изјави Весиќ.

Според него, фактот што Вучиќ остварил средби со највисоките државници на Русија, Кина, Германија, САД и други, говори дека, како што рече, „нашата позиција е поголема од нашата земја и од нашата економска моќ“.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2018 20:39