Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини администрацијата на својот претходник Барак Обама за неактивност во врска со тврдењата за руска интервенција во претседателските избори во САД во 2016 година.
Федерален судски совет вчера објави дека вработени во руското воено разузнавање преку хакерски операции ги следеле компјутерите на Хилари Клинтон и на Демократската партија за време на предизборната кампања и украле огромна количина чувствителни информации, кои биле користени за нејзино дискредитирање и во корист на републиканците, чиј кандидат беше Трамп.
За 12 соработници на ГРУ - руското воено разузнавање, идентификувани од страна на ФБИ, беа покренати вонредни обвиненија во рамките на истрагата за руска интервенција во изборите.
-Приказните кои вчера ги чувте за 12-те Руси, се развиле за време на владеењето на администрацијата на Обама, а не за време на администрацијата на Трамп. Зошто тие (луѓето на Обама) не направиле ништо во тоа време, особено кога стана познато дека ФБИ го информирало претседателот Обама за тоа уште во септември, пред изборите, напиша Трамп на Твитер, кој во моментов е во посета на Велика Британија.
-Каде е серверот на Националниот комитет на Демократската партија, и зошто ФБИ не го зеде под своја контрола?, праша Трамп на Твитер.