Познатиот пар Викторија и Дејвид Бекам пристигнаа вчера во Црна Гора, каде што ќе го поминат одморот. Дејвид и Викторија во попладневните часови слетаа на аеродромот во Подгорица, од каде што веднаш отидоа во Свети Стефан, каде што ќе останат во наредниот период.

Познатиот фудбалер беше фотографиран додека беше надвор од авионот, а Црногорците му посакаа на семејството Бекамови убав престој на брегот.

Како што дознавме, Бекам имал 28 барања пред нивното пристигнување, што нивните домаќини морале да ги исполнат, а во Свети Стефан, кој е познат како едно од омилените одморалишта на џет-сетот, Бекамови ќе се сместат во луксузен ресорт.

Иако светските медиуми неодамна шпекулираа дека Дејвид и Викторија се разведуваат, тие тоа го демантираа пред десет дена со прославата на 19-годишнината од бракот, јавно упатувајќи емоционални зборови еден на друг.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2018 23:36