Во Технолошко инудстриската зона кај Скопје утре ќе пончне изградбата на производствениот капацитет на американската компанија „Дура“. Станува збор за компанија од автомобилската индустрија, а инвестицијата се проценува на над 30 милиони евра.

Ова го најави вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев одговорајќи на новинарски прашања синоќа во Велес на прослава по повод поканата за членство во НАТО.

- Во последните седум-осум 16 странски инвестиции потпишаа договорза влез во Република Македонија. Она што премиерот го спомна станува збор за „Дура“, којашто во понеделник ќе стави камен темелник во Бунарџик слободната царинска зона. „Дура“ е американска компанија од автомобилската индустрија со над 30 милиони евра инвестиција. Владата нема намера да прави евтин пи-ар од секоја странска инвестиција,таа инвестиција е на инвеститорите. Ние само им помагаме тие да дојдат и ги охрабруваме со се што можеме како администрација тоа да го направат. Затоа ние не сакаме да сечеме ленти да фрламе лопат, ние ќе ги поздравиме и ќе им посакаме многу среќа,но ќе им овозможиме тие да доаѓаат, истакна Анѓуше и додаде дека Владта ќе овозможи тие да доаѓаат.

Тој потенцира дека ако во последните седум-осум години во Македонија се направени 20 такви инвестиции, сега за 10 месеци отпочнати се 16 при што, како што рече, не потрошивме пари за маркетинг и се надевам дека граѓаните ќе можат да ја направат разликата.

Најави, исто така, инвестиции во велешкиот регион. - Мислам дека во Велес ќе има инвестиции макар една и ние интензивно работиме на тоа. Во Велес има невработеност, но таа не е така голема. Ние треба да обезбедиме повеќе работа за младите кои имаат завршено високо образование во таканаречените акцелератори преку Фондот за иновации и технолошки развој. За младите кои тоа успешно го направија од Владата ќе добијат грантови и мислам дека тоа е начинот да се оди напред, потенцира Анѓушев. Во врска со решавање на проблемот со велешката Фабрика за шински возила „Колска“ појасни дека во моментов се работи на обезбедување работа и плата за сите вработени, но тоа како што рече не е трајно решение.

- Крајното решение е Колска да стане модерна фабрика и ние работиме на тоа. Треба да се има трпение и сега нема да ги кажам решенијата, но мислам дека за шест месеци до една година ќе се реши проблемот со Колска, најави Анѓушев.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2018 18:07