Заминувам на самитот во Хелсинки со мали очекувања, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во врска со утрешната средба со рускиот претседател Владимир Путин.
- Немам големи очекувања од самитот, изјави Трамп во интервју за Си-Би-Ес њуз и додадека од разговорите на двајцата лидери нема да се случи „ништо лошо“.
- Мислам дека е добро да се состанеме. Верувам во состаноци. Верувам дека состанокот со претседателот Ким беше добра работа. Мислам дека состанокот со кинескиот претседател беше многу добра работа. Така што верувам во состаноци со Русија, Кина, Северна Кореја. Од тоа нема да произлезе ништо лошо и можеби ќе излезе нешто добро, рече Трамп.