Германската влада соопшти дека ќе преземе 50 мигранти спасени од рибарски брод во Медитеранот.

- Со оглед на тековните разговори за поголема билатерална соработка по прашаето за азил, Германија е подготвена да преземе 50 лица, се вели во соопштението на германската влада.

Претходно денеска, италијанскиот премиер Џузепе Конти рече дека Малта и Франција се согласиле да преземат 100 од 450 имигранти спасени од рибарски брод во Средоземното Море, наведувајќи дека двете земји одговориле на неговото барање упатено до сите земји-членки да „го споделат товарот мигранти ".

-Тоа е важен резултат, напиша Конте на Фејсбук.

Во исто време, тој објави писмо упатено до Европската комисија, со кое бара од другите европски земји да ги исполнат своите ветувања и да и помогнат на Италија да се справи со приливот на мигранти.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2018 23:39