Со зголемувањето на самоубиствените напади, поддржани од страна на Исламската држава, во Авганистан, во првата половина на оваа година, е забележан рекорден број на убиени цивили, и покрај минатомесечниот прекин на огнот, предупредуваат од Обединетите нации.

Бројот на загинатите се зголемил за еден процент и во првите шест месеци се искачил на 1692, а бројот на повредените е намален за пет проценти на 3430, објави во својот последен извештај мисијата на ОН во Авганистан.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2018 23:42