Околу 1.500 луѓе се вклучија денеска во демонстрациите во Хелсинки за заштита на човековите права и правата на сексуалните малцинства, на демократијата и екологија пред утрешната средба на меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин.

Демонстрантите минувајќи низ центарот на главен град на Финска, извикуваа „Човекови права за сите" и „Хелсинки го повикува Путин, Хелсинки го повикува Трамп".

Еден од учесниците носеше транспарент со напис „Направете сауни, а не војни".


Демонстрации во одбрана на човековите права во Хелсинки пред состанокот Трамп-Путин

Организаторите на „Хелсинки повикува“ велат дека протестите не се насочени директно против шефовите на државите на САД и Русија, но имаат за цел да привлечат внимание кон клучните глобални прашања.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2018 23:46