Во пресрет на денешната средба меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин во Хелсинки, американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека подобрувањето на односите меѓу двете земји зависи од руската стана.
- Ќе се сретнеме со нашите руски колеги во Хелсинки. Подобрување на односите со руската Влада ќе биде добро за сите, но топката е кај нив, изјави Помпео.
Се очекува Трамп и Путин да разговараат за ситуацијата на Блискиот Исток, Сирија, Иран, Украина, наводното руско мешање во изборите во САД, како и за нуклеарните договори.