Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Глушко изјави дека политичарите кои го бојкотираа Светското фудбалско првенство што вчера заврши во Русија, на крајот се довеле во „глупава состојба“.
- Тие што се обидуваа да го политизираат фудбалското првенство влегоа во расправија во своите држави и, според мене, се доведоа во глупава состојба. Се лишија себеси од задоволството да бидат тука, како и од радоста да бидат заедно со својот народ, изјави Глушко.
Првенството го бојкотираа властите на Велика Британија, Австралија, Исланд, Данска и Полска, додека политичарите од Шведска и Јапонија најавија бојкот, но не го спроведоа.