Пожарникар загина при справувањето со големиот шумски пожар во националниот парк Јосемити во американската сојузна држава Калифорнија.
Пожарникарот се нашол отсечен од огнените јазици, додека со колегите се бореле со пожарот кој изби во петокот, во сува дабова шума.
Како превентивна мерка, противпожарната служба нареди прекин на струјата во долината Јосемити, како и евакуација на неколку села и викенд населби.
Температурите во овој дел на САД се над 35 степени, што дополнително ја отежнува борбата со огнот.