Во Хелсинки денеска се одржуваат неколку протести поради средбата помеѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин.
Во паркот во близина на претседателската палата, каде ќе се одржи средбата Трамп - Путин протестираат членовите на младинското крило на финската Национална коалициска партија поради трговската политика на американскиот претседател. Тие апелираат Трамп да ја преразгледа одлуката за воведување на царини за увозот на челик и алуминиум,
На иницијатива на организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешнл“ (АИ) се одржува протест на плоштадот во хелсинки. На еден од транспарентите пишува „Направи повторно големи човековите права“.
Членови на „Гринпис“ истакнаа 64 метри плакат на камбанеријата на една од црквите во Хелсинки, на кој пишува „Стоплете ги нашите срца, а не нашата планета“.
За денеска во Хелсинки пријавени се 13 протсети поради Самитот Трамп-Путин.