Најмалку осум лица, претежно деца, починаа од задушување во бродски контејнер преполн со мигранти, на западниот брег на пристанишниот град Зуварa, соопшти денеска либиската полиција.

Во полициското соопштение се наведува дека починале шест деца, една жена и момче, кои биле во заклучен контејнер во кој подолг период се наоѓале околу 100 мигранти. Во контејнерот, наменет за чување месо и риба, имало и големи количества нафта, кои испарувале.

Откако ги пронашла полицијата останатите мигранти, главно Африканци, Арапи и Пакистанци, се префрлени во локалната болница.

Зувара е едно од главните места во Либија од каде почнува криумчарењето на мигранти кон Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2018 15:30