Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска имаат прва билатерална средба во главниот град на Финска, Хелсинки.

Средбата Лавров - Помпео е во исто време како средбата помеѓу претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп.

Лавров претходно изјави дела со Помпео ќе разговара „за сите проблеми на кои сака да се фокусираат“.

Претходно, Помпео изјави дека подобрувањето на односите меѓу двете земји зависи од руската стана.

- Ќе се сретнеме со нашите руски колеги во Хелсинки. Подобрување на односите со руската Влада ќе биде добро за сите, но топката е кај нив, истакна Помпео.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2018 15:36