Турските власти прекинале со регистрирање нови кандидати за азил од соседна Сирија, соопшти денеска Хјуман рајтс воч.

– Турските власти во Истанбул и девет окрузи во близина на границата со Сирија прекинаа со регистрирање новодојдени сириски кандидати за азил, освен во ретки случаи. Тоа може да предизвика незаконски протерувања, поринудни враќања во Сирија и прекин на правото за здравствена помош и образование, соопшти ХРВ.

Во Турција има речиси 3,6 милиони сириски бегалци.

Турските власти во срединатана јуни тврдеа дека не прекинале со регистрација на сириски бегалци. Во 2016 година Брисел и Атина склучија договор за мигрантите, со кој се предвидува систематско враќање во Турција на сите мигранти кои се обиделе да дојдат до Европа преку Грција во замена за финансиска помош. Тој договор даде можност да се намали драстично бројот на мигранти кои пристигнуваат во Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2018 15:53