Податоците на Централна банка на Албанија потврдуваат дека во првото тромесечие од годинава туристите кои престојувале во оваа змеја потрошиле 331 милион евра што претставува раст од 10 отсто,споредено со истиот период лани.
И албанските граѓани не штеделе многу кога станува збор за патувања во страство. Тие во периодот јануари-март потрошиле 254 милиони евра или за 12,3 отсто повеќе споредено со истиот период лани.
- Поради растот на трошоците на албанските граѓани надвор од земјата,нето билансот, значи парите кои остануваат во земјата од туристичките активности биле 78 милиони евра, наспроти 76 милиони евра во првото тромесечие минатата година,што значи минимално подобрување од само два милиони евра, оценува „Монитор“.
Податоците на Државниот институтот за статистика пак потрдуваат постојан раст на странски туристи во Албанија, која станува се попривлечна дестинација.
Во првите четири месеци од годинава во земјата влегле милион странци или 7 отсто повеќе споредено со истиот период лани. Бројот на албанските граѓани кои излегле од албанска територија во истиот период е над 1,56 милиони или за 5,9 отсто повеќе од споредбениот период лани.
Во текот на 2017 година странците во Албанија потрошиле 1,7 милијарди евра или 11,7 отсто повеќе споредено со претходната,2016 година.Најголем прилив е остварен во второто и третото тромесечие, 421 односно 588 милиони евра,кога е екот на туристичката сезона(мај-септември).
Албанските граѓани лани надвор од земјата потрошиле 1,3 милијарди евра што претставува раст од 11 отсто споредено со претходната година. И тие, најмногу потрошиле во второто и третотот тромесечие,341 односно 407 милиони евра.
Нето билансот, односно разликата на влезени пари во Албанија од странски туристи и оние кои албанските граѓани ги изнесуваат и трошат во странство, достигнал позитивен рекорд од околу 4 милиони евра.