Најмалку 23 лица се повредени во ерупцијата на вулканот Килауеа на Хаваите, кога исфрлената лава паднала врз туристички брод.
Повеќето од повредените се здобиле со изгореници. Вулканот исфрлил големи парчиња растопени карпи а едно од нив го пробило покривот на бродот.
Сопственикот на бродот, Шејн Турпин ја носел туристичката група кон Килауеа токму да им го покаже истекувањето на лавата од вулканот во кој пролетоска се појавија нови потоци на лава кои уништија над 700 домови.