Саудиска Арабија забрани десетици насилни видео игри

Саудиска Арабија вчера соопшти дека забранува десетици популарни видео игри откако се појавија гласини дека две деца извршиле самоубиство откако „се заразиле“ со онлајн игри. Вкупно ќе бидат забранети 47 игри, меѓу коишто и „Grand Theft Auto V", „Assassin's Creed 2" и „Witcher"", поради кршење правила и прописи кои засега не се образлагаат. Поводот официјално е смртта на 13-годишно девојче и 12-годишно момче кои биле активни гејмери. Во играта на предизвик, учесниците добиваат разни задачи, и ако ги исполнат играта завршува со повик на самоубиство.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2018 11:04