Шефот на пратеничката група на опозициската Демократка партија на Косово (ЛДК), Авдулах Хоти, најави дека неговата партија подготвува стратегија со активности за, како што рече, ставање крај на лошото менаџирање на Владата од страна на Рамуш Харадинај, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на Фејсбук, Хоти сепак навести дека овој обид може да потрае неколку месеци и нагласи дека ЛДК ќе продолжи да дејствува како силна опозиција во Собранието.

- Со пратеничката група на ЛДК денеска подготвуваме стратегија на дејствување на нашата група за идните недели и месеци, напиша синоќа Хоти.

Тој порача дека „пратеничката група е решена да биде силна опозиција, со цел запирање на ова владеење“ на премиерот Харадинај.

- Нашето однесување ќе биде јасно и решително. Желбата постои и поддршката од граѓаните никогаш не била поголема, напиша Хоти.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2018 11:05