Според анкетата која минатата година ја спроведе „Finance Think“ помеѓу 1.133 испитаници покажува поразителни податоци за сиромаштијата во Македонија.

Имено, според анкетата 69 отсто од граѓаните не можат да си дозволат да одат на одмор или патување еднаш годишно. 91 отсто не можат да си дозволат козметички третман или масажа еднаш месечно, 78 отсто не можат да си дозволат да купат ново парче облека или обувки еднаш месечно.

34 отсто не можат да си дозволат ништо, 76 отсто не можат да возат автомобил секој ден, 68 отсто не можат да си дозволат театар или кино еднаш месечно, а 59 отсто не можат да си дозволат да јадат во ресторан еднаш месечно.

Графиконот на Институтот за економски анализи „Finance Think“ покажува дека само една третина од населението успева да ги задоволи сите потреби или да заштеди дел од својот доход. 42,1 отсто успеваат да ги задоволат само потребите за храна и сметки, а 28 отсто не успеваат ниту тоа.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2018 12:13