На покана на албанскиот претседател Илир Мета, в четврток во Тирана ќе престојува неговата хрватска колешка, Колинда Грабар-Китаровиќ.
Планирани се средби со домаќинот Мета, премиерот Еди Рама, со кои имаше средба и на маргините на Самитот на НАТО, како и спикерот на албанскиот Парламент, Грамоз Ручи.
Предвидено е Грабар-Китаровиќ да се обрати и пред пратениците во албанскиот Парламент.
Тоа е возвртна посета на Грабар-Китаровиќ на посетата на Мета на Загреб во јануари годинава.
Според медиумите посетата на грабар-Китаровиќ е потврда на добрите односи меѓу двете земји и поддршката на „големиот пријател Хрватска“ за Албанија.