Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денеска дека од претседателот на Франција Емануел Макрон добил поддршка за пронаоѓање на компромисно решение со Албанците на Косово, и не само да се обезбеди мир следните две години, туку и траен мир за да се концентрираат на забрзан економски напредок.
Вучиќ на заедничката прес- конференција со францускиот претседател Макрон рече дека во разговорот ги разгледале клучните прашања поврзани за регионот, билатералните односи на двете земји и истакнал дека Србија и регионот гледаат на Париз и Франција, која благодарение на Макрон, стана многу позначајна и за регионот и за Европа отколку што била во некој претходен период.
- Му честирам на Макрон што за кусо време успеа Франција да ја врати на местото каде припаѓа, во светот и во Европа, изјави Вучиќ.
Претседателот на Србија рече дека е постигнат висок степен на согласност за многу прашања – заеднички зачувување мир и стабилност, барање решенија и погледи во иднина наместо во минатото.
Тој очекува голема и значајна улога во тоа на Франција и на Европа. Вучиќ рече дека разговарале и за пријателството меѓу двете држави, за економската соработка која е поголема од милијарда евра. Тој нагласи дека очекува помош од Макрон за Србија на нејзиниот пат кон Европската унија.