Американските секретари за одбрана и за надворешна политика, се согласиле да доделат на Косово 10 милиони долари кои нејзините Безбедносни сили (ФСК) ќе ги искористат за операции против тероризмот и меѓународниот организиран криминал, пишува „Газета Експрес“.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, порталот дошол во посед на документ во кој се вели дека Департманот за одбрана и Државниот департман на САД одобриле програма за Косово, која ќе помогне на ФСК да ги зголеми капацитетите за „преземање дејствија против тероризмот и меѓународниот организиран криминал“.

Програмата за ФСК, според документот, предвидува снабдување со моторни возила, опрема за комуникација и обуки, за што во земјата ќе допатуваат американски експерти. Освен тоа, намерата е да се создаде мултиетнички безбедносен сектор, кој ќе биде способен да одговори на тие предизвици.

Вкупно за тие цели, Вашингтон издвоил 10.105.000 долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2018 01:31