Воен авион МиГ-21 на индиското воздухопловство денеска се урна во северна Индија, а пилотот се води за исчезнат.

Портпаролот на индиското воено воздухопловство Анапам Банерџи изјави дека несреќата се случила за време на рутински лет. Авионот полетал од северната воздушна база Патанкот.

Се трага по пилотот, а се уште не е позната причината за несреќата.

Во Индија за време на пробен лет во јуни се урна руски воен авион Сухој.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2018 14:03