Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на Самитот во Хелсинки добро се согласувал со претседателот на Русија, Владимир Путин и оти ќе „уследат големи резултати“.

Трамп два дена по средбата со Путин на Твитер напиша дека на многумина не му се допаднале неговите изјави на прес конференцијата во Хелсинки.

- Путин и јас разговаравме за многу важни теми на нашиот состанок. Добро се согласувавме, што навистина вознемири многу „хејтери“ кои сакаа да видат бокс меч. Ќе уследат големи резултати, напиша Трамп.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2018 14:34