Повеќе од 77 илјади долари уплатила владата на САД на голф-одморалиштето во Шкотска што е во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп, покажуваат податоци на федералната влада.
Според фактурите од април оваа година, Стејт департментот уплатил нешто повеќе од 77 илјади долари на фирмата СЛЦ Турнбери, сопственици на неговото одморалиште во Шкотска. Тој во комплексот беше во минатата сабота, меѓу самитот на НАТО и состанокот со рускиот претседтаел Владимир Путин.
Непознато е дали сите уплати биле со цел покривање на трошоците на посетата на Трамп.
Биле уплатени 7,5 илјади долари во април и 70 илјади долари неколку денови пред неговиот минатонеделен престој.
Претходните американски претседатели редовно се откажуваа од правото на управуавње со свој имот, но Трамп задржа целосна контрола врз свои хотели, голф игралишта и други фирми. Пред да преземе претседателска должност, контрола над своите фирми им даде на своите синови. За разлика од поранешните претседатели одби да објави и свои даночни пријави.